МАТОВ, Милан

МАТОВ, Милан (Струга, 8. Ⅺ 1875 – Софија, 21. Ⅴ 1962) – учител, учесник во Илинденското востание, војвода, брат на Христо Матов. Учел гимназија во Битола, во 1900 се вклучил во Македонското револуционерно движе-

Милан
Матов

ње. Во востанието се борел во Струшко. Бил учител во Струга (1904–1905) и училиштен инспектор (1909–1911). Од 1906 г. го раководел Битолскиот револуционерен округ. Во септрември 1913
г. го раководел Охридското востание. По Првата светска војна бил активен во Илинденската организација и во Македонскиот научен институт и се застапувал за запирање на меѓусебните убиства на Македонците.
БИБЛ.: Милан Матов, НаŸ-комитата разказва, София, 2002. З. Тод.

Христо
Матов