МАСЛОДАЈНИ РАСТЕНИЈА –

МАСЛОДАЈНИ РАСТЕНИЈА – во оваа група спаѓаат растенијата што се одгледуваат за семето и плодот, богати со масло. Растителното масло учествува со околу 70% од светското производство на мазнини. Маслото од голем број растенија служи за човечката исхрана, директно или индиректно, и претставува висококвалитетна храна. Хранливата вредност на еден кг масло е рамна на 2,25 кг шеќер, 4 кг леб и 8 кг компир. Рас-Стреланите кај Пуста Кула (1942) тителното масло наоѓа примена во разни индустриски гранки како суровина за изработка на сапуни, лакови, бои, при омекнувањето на кожите и платната, за линолеум, мушами, вештачки каучук, осветлување, мазива и во медицината (рицинусовото). Познати се околу 190 маслодајни растенија. Поважни се: сончогледот, репката, сусамот, кикиритките, маслодајниот лен, рицинусот, сојата и афионот. Растителните масла по својот хемиски состав претставуваат сложени естри на глицеринот со повеќе од 40 масни киселини. Во РМ се одгледуваат: афион, кикиритки, репка, сончоглед (Хелиантхус аннус Л.). П. Ив. Манчу Матак