МАНТОВО

МАНТОВО – вештачка акумулација во горниот тек на р. Крива Лакавица, изградена во 1978 г. Браната е земјено-насипна со височина од 49,5 м, должина во круната 138 м и кота на круната од 406,5 м н.в. Има вкупна зафатнина 3 од 54,4 мил. м вода. Акумулираната вода се користи за наводнување на околу 4.700 ха обработливи површини во Струмичко-радовишката Котлина. Со нејзината Акумулацијата Мантово на Крива Река изградба е создадена вештачка бифуркација, бидејќи дел од водите преку канал долг 8.271 м се префрлени од сливот на р. Брегалница во сливот на р. Струмица. Др. В.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *