МАНО ЗИСИ, Ѓорѓе –

МАНО ЗИСИ, Ѓорѓе – историчар на уметноста, археолог и музеолог. Повеќе години вршел ископувања и истражувал во Стоби. Во доменот на историјата на уметноста, познати се неговите теренски белешки од Охрид со утврдени податоци за малите цркви, како и неговиот осврт за „Св. Софија“ во Охрид. БИБ.: Света Софија у Охриду, „Старинар“, Ⅵ, Београд, 1931, 123-132; Мали прилози о живопису ⅩⅣ века охридских цркава, „Старинар“, Ⅵ, Београд, 1931, 132–135; Цркве у околини Охрида, „Старинар“, Ⅵ, Београд, 1931, 135-137. Цв. Гр.