МАНИФЕСТ НА ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ

МАНИФЕСТ НА ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ (1943). По капитулацијата на Италија (почеток на Ⅸ 1943) се создала нова ситуација и се наметнала потреба за обнародување на крајната цел на оружената борба на НОД во Вардарскиот дел од Македонија. За донесување таков политички документ од историМанифестот на ГШ на НОВ и ПОМ (1943) ско значење за македонскиот народ било предвидено на слободната територија да се свика Народноослободително собрание на Македонија. Светозар ВукмановиќТемпо, делегатот на Тито при Главниот штаб, ја согледал деликатноста на актуелниот момент и го подготвил текстот на Манифестот на Главниот штаб за создавање македонска државност во Вардарскиот дел од Македонија во рамките на проектираната повоена федеративна југословенска држава, во тоа време уште неофицијализирана. Има искажувања дека текстот го подготвил командантот на ГШ Михајло Апостолски. На предложената содржина имало реакција во ГШ, особено од членот на штабот Методија АндоновЧенто, поради објаснувањето за сепаратно решавање на македонското прашање. Темпо не ги прифатил приоритетите Манифестот како програмски документ и сметал дека не може да отстапува од политичката платформа на КПЈ за решавањето на македонското прашање. Затоа Манифестот, без датум и без место на издавање, со имињата на целиот состав на ГШ (без лични потписи) бил умножуван и бил дистрибуиран за прејудицирање на решението на АСНОМ за македонското национално прашање. УШТЕ веднаш бил даден писмен „Приговор“ од АНОК. ЛИТ.: Зборник АСНОМ 1944–1964, Скопје, 1964; Владо Ивановски, Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија и Кузман Јосифовски-Питу, Зб., Кузман Јосифовски – Питу, време , живот и дело, Скопје 1995; Михајло Миноски, Авнојска Југославија и македонското национално прашање, Скопје, 2000. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *