МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО РМ

МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО РМ – во периодот 1992-2003 г. просечното годишно производство на малите ХЦ во РМ изнесувало 110,6 ГЊх, а најголемо било во 1996 г. и изнесувало 158,5 ГЊх. Овде се наведени само ХЦ со инсталирана моќност од 1 до 12 МЊ. ХЦ „Дошница“ е на истоимената река, недалеку од Демир Капија. Во погон од 1953 г. Има два агрегата со пелтон турбини. Инсталирана моќност 4,62 МЊ. ХЦ „Зрновци“ е на реката Зрновка, кај с. Зрновци, недалеку од Кочани. Во погон од 1950 г. Има два агрегата со пелтон турбини. Инсталирана моќност 1,26 МЊ. ХЦ „Калиманци“ е акумулациона ХЕ на реката Брегалница, близу до селото Калиманци (поХЦ „Калиманци“ на р. Брегалница меѓу Кочани и Делчево). Во погон од 1970 г. Има два агрегата со францис турбини. Инсталирана моќност 12 МЊ. ХЦ „Матка“ на р. Треска ХЦ „Матка“ е во долниот тек на реката Треска, недалеку од селото Матка, Скопско. Во погон од 1938 г. Има три агрегати со францис турбини. Инсталирана моќност 4,2 МЊ. ХЦ „Пена“ на р. Пена ХЦ „Пена“ е на реката Пена, во близина на Тетово. Во погон од 1927 г. Има два агрегата со францис турбини. Инсталирана моќност 2,56 МЊ. ХЦ „Песочани“ е на Песочанска река, покрај селото Песочани (помеѓу Кичево и Охрид). Во погон од 1951 г. Има два агрегата со пелтон турбини. Инсталирана моќност 2,74 МЊ. ХЦ „Попова шапка“ е на Шар Планина. Во погон од 1993 г. Има 4 агрегати со пелтон турбини. Инсталирана моќност 4,78 МЊ. ХЦ „Сапунчица“ е на реката Сапунчица, недалеку од Битола. Во погон од 1952 г. Има два агрегата со пелтон турбини. Инсталирана моќност 2,88 МЊ. ХЦ „Стрежево“ е во склоп на истоимениот хидросистем (северозападно од Битола). Во погон од 1993 г. Инсталирана моќност 2,4 МЊ. ХЦ „Турија“ е во близина на Струмица. Во погон од 1985 г. Има два агрегата со францис турбини. Инсталирана моќност 2 МЊ. ЛИТ.: 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995; Ј.П. „Електростопанство на Македонија“, Скопје, 1999; хттп://њњњ.есмак.цом.мк. Др. Р. Димитар Малиданов