МАКФАКС –

МАКФАКС – независна новинска агенција, основана во декември 1992 г. во Скопје. Емитува вести на македонски, албански и англиски јазик од мај 1993 г. Ос-новач и сопственик Ристо Поповски. Корисници на сервисите се практично сите позначајни медиуми во регионот и информативни системи во светот. Макфакс е член на Медиумската организација во Југоисточна Европа СЕЕМО при Интернационалниот прес институт (ИПИ), ја има поддршката на Светската асоцијација на весници (ВАН). Б. П. Ѓ. Плакат на Макфест