МАКЕДОН

МАКЕДОН – митски епонимен херој на Македонија и Македонците. Првпат се спомнува кај Хесиод, а за неговото митолошко потекло постојат повеќе верзии. Во разните контрадикторни извори е наведен како син на Ѕевс и Тија (ќерка на Девкалион) и брат на Магнет, син на Ајол, син на Хелен и брат на Дор, син на Ајак и еден од педесетте синови на аркадскиот или крал на Ематија Ликаон. Постои и верзија дека бил син на египетскиот бог Озирис, кој препуштајќи $ го владетелството на Изида, тргнал да го освојува светот заедно со своите синови Македон и Анубис. Кога пристигнал во Тракија, Озирис го убил кралот Ликург, а Македон го прогласил за крал и го оставил да владее тука во земјата што според неговото име била наречена Македонија. Синовите на Маке-дон станале епоними за повеќе области, градови, планини и реки во Македонија. ИЗВ.: Хесиоди цармина, Липсиае, 1913; Ф. Јацобѕ, Дие Фрагменте дер гриецхисцхен Хисторикер, Берлин, 1923–30, Леиден, 1940–58; Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896. ЛИТ.: Паулѕ-Њиссоња, Реаленцѕлопадие дес цлассисцхен Алтертумсњиссенсцхафт, 1928. Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997; Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р. Списанието „Мацедониае ацта арцхаелогица“

Напишете коментар