МАКЕДОНСКО-РИМСКИ ВОЈНИ –

МАКЕДОНСКО-РИМСКИ ВОЈНИ – три одбранбени војни на Македонското Кралство против Римската Република (215–205, 200–197 и 171–167 г. пр.н.е.). Во времето на кралот Филип В (221– 179 г. пр.н.е.) Македонија с“ уште била најсилна држава на Балканот, но веќе се чувствувала опасноста од римските освојувања. Меѓу другите мерки за заштита (го утврдувал епирското крајбрежје, му дал прибежиште и заштита на римскиот намесник на Илирија Деметриј Фарски), Филип Ⅴ склучил и сојуз со Картагина (215 г. пр.н.е.). Поради зафате-Монета на кралот Филип В (аверс/реверс) носта во Пунските војни, во Првата македонско-римска војна (215– 205 г. пр.н.е.). Римјаните ја задоволиле својата експанзија само со испраќање флота на епирското крајбрежје и насочување на антимакедонската коалиција на чело со Ајтолскиот сојуз за спречување да $ испрати помош на Картагина. Војната завршила без суштествени промени и бил склучен мир. Воените подготовки продолжиле, а како повод за очекуваната Втора македонско-римска војна (200–197 г. пр.н.е.) послужило ангажирањето на Македонското Кралство во борбата против Атина. Притоа римската војска навлегла во Линкестида (Охридско и Битолско) и во други области. Како нивни сојузници, Дарданците навлегле во Пајонија, а од југоисток нападнале и Ахајците, Ајтолците и Илирите. По поразот во битката кај Киноскефала (197 г. пр.н.е.), земјата била опустошена, а римскиот конзул Фламинин три дена го славел триумфот. Според склучениот мир, Македонското Кралство ги загубило сите дотогашни територии надвор од Македонија, било задолжено да плати висока воена отштета, да ја предаде флотата и да ја ограничи војската на 5.000 луѓе. Но способниот владетел Филип Ⅴ брзо го стабилизирал Кралството: во запустените предели доселил луѓе од приморските области и Тракија и секоја година со менување мобилизирал и обучувал по 4.000 нови војници и сл. Него го наследил неговиот син Персеј (179–168 г. пр.н.е.). Тој придобил и други сојузници, но бил одбиен од Ахајскиот сојуз, кој гледал поголема опасност во засилувањето на Македонија, отколку од римската експанзија. По променливиот успех во Третата ма-Монета на последниот македонски крал Персеј (аверс/реверс) кедонско-римска војна (171–167 г. пр.н.е.), во пресудната битка кај Пидна (168 г. пр.н.е.) римскиот конзул Аемилиј Паул извојувал победа, ја опустошил земјата со рушење на многу градови, околу 150.000 жители биле продадени во ропство, а на тридневниот триумф во Рим го одвел и последниот македонски крал Персеј и неговото семејство. Со тоа започнало долгогодишното римско владеење во Македонија. Битката кај Пидна ИЗВ.: Полѕбии, Хисториае, вол. Ⅱ (1924), вол. Ⅲ (1983), вол. Ⅳ (1904), Липсиае; Тити Ливи, Аб урбе цондита либри, Липсиае, 1906. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, И, ИНИ, Скопје, 2000; Н. А. Машкин, Историја на Стариот Рим, Скопје, 1995. К. М.-Р.