МАКЕДОНСКО КРАЛСТВО

МАКЕДОНСКО КРАЛСТВО
(1365–1395) – средновековно кралство во Македонија со седиште во Прилеп. Родоначалник на тн. Мрњавчева династија е кралот Вол-кашин (1365–1371). Тој се спомнува првин како жупан во Прилепскиот крај (1350), подоцна е прогласен за крал (1365) и совладетел на царот Урош. Неговиот брат деспотот Углеша ја управува областа со седиште во Серес. Постоењето на брат Гојко не е потврдено. Кралството се простирало главно во западниот дел на Македонија, со седиште во Прилеп. Во почетокот кралот Волкашин ковел монети со натпис од царот и од кралот, а подоцна само со негов натпис. Волкашин го прогласува синот Марко за млад крал, односно за свој наследник (меѓу 1. Ⅸ 1370 и 31. Ⅷ 1371). Кралството одржува активни трговски врски со Дубровник, но непријателски се односите со големците од некогашното Душаново Царство, кои особено се влошуваат по Косовската битка (1369), кога се поразени војските на немањиќевската династија (Лазар Хребелјановиќ, Никола Алтомановиќ и царот Урош) од војските на новата Мрњавчева династија (кралот Волкашин и деспотот Углеша), кога е заробен и царот Урош.
Кралот Волкашин и син му Марко (во пролетта на 1371), заедно со Балшите, подготвуваат напад на Никола Алтомановиќ. Во почетокот на јуни кралот Волкашин бил очекуван на патот од Скопје до Призрен, а подоцна со својот син Марко се затаборил кај Ска-

Кралот Волкашин, фреска на столбот во манастирот
„Свети Архангел“, Варош, Прилепско (1371/72)
дар, од каде што, заедно со Ѓураѓ Балша, требало да тргнат кон Оногошт против жупанот Никола. Дубровчаните, како членови на коалицијата, требало да обезбедат префрлување на трупите, а босанскиот бан Твртко и кнезот Лазар, кои биле во непријателски односи со Никола, благонаклоно гледале на овој напад, којшто потоа бил одложен.
Кралот Волкашин заедно со брат му, деспотот Јован Углеша, како одговор на турските напади на европска почва, со војска се спротиставуваат во битката кај Черномен на р. Марица (26. Ⅸ 1371) и во неа загинуваат. Негов наследник е кралот Марко (1371–1395) со тројцата браќа Иваниш, Андрејаш и Митраш. Иако некои делови се заземани од кнезот Лазар, од Никола Алтомановиќ, од Балшите и од Турците, кралот Марко сепак управувал значајна територија и водел активна надворешна политика. Тој е последниот христијански крал пред османлиското завладување, успевајќи да ја задржи внатрешната самоуправа на државата. Истовремено владее во Македонија независно од српските големци и станува турски вазал или сојузник дури некаде во 1385– 1392 г. Во времето на феудалната расцепканост и интензивни османлиски продирања на Балканот, државата не била толку загрозувана од Османлиите колку од неговите соседи. Марковото кралство долго се одржало со наполно самостоен статус, иако границите не биле сосем безбедни. Во 80-тите години на ⅩⅣ в. се заземени најважните тврдини во Југоисточна и Југозападна Македонија: Серес (1383), Солун и Бер (1387), а наскоро потоа и Костур. Непосредно по српско-турската Косовска битка (1389) Османлиите продираат во областа на Скопје и го заземаат градот (1. Ⅸ 1391
– 6. И 1392). Конечното завладување на целата територија на Македонија станува дури по битката кај Ровине во Влашко (1395), во која го загубуваат животот и кралот Марко и Константин Дејанов, учествувајќи на страната на Турците. Кралот Марко е останат во меморијата на народот како заштитник на христијаните. Присутен е во македонскиот и во балканскиот јуначки епос како ненадминлив јунак, со натчовечка сила, со брзиот коњ шарко, којшто дели правда, ги штити немоќните и се одмаздува.
ЛИТ.: Лазар Мирковиђ, Мрњавчевиђи,
„Старинар“, Ⅲ (1924–1925), Београд, 1925,
11–26; Милан Ивановиђ, Натпис младог краља Марка са цркве св. Недеље у Призрену, „Зограф“, 2, Београд, 1967; Георгије Острогорски, Серска област после Душа
нове смрти, во кн.: Византија и Словени, Београд, 1970, 435–456; Сима ´ирковиђ, Поклад Краља Вукашина, Зборник Филозофског факултета, ⅩⅣ, 1, Споменица Фрања Баришиђа, Београд, 1979, 153–161; Бранко Панов, Средновековна Македонија, И, Скопје, 1983; Блаже Ристовски, Кралот Марко последниот суверен на Македонија, зб.: Кралот Марко во историјата и во традицијата, Прилеп, 1997, 7–22; Ѓорѓи
Здравев, Облеките на кралот Волкашин и на кралот Марко во фреско-живописот од ⅩⅣ век, на истото место, 319–330; Билјана Ристовска-Јосифовска, Тхе Наме оф тхе Дѕнастѕ Мрнјавцхеви анд тхе Титле оф тхе Кинг Марцо ин тхе Хисторицал Соурцес, Традитион анд Хисториограпхѕ, „Балканистиц Форум’“, 1–2–3, Благоевград, 2002, 194–199; Билјана Ристовска-Јосифовска, Автохтони средновековни династии во Македонија (Џ-ⅩⅣ век), „Балцанославица“, 30-31, 2002, 165-182. Б. Р.-Ј.