МАКЕДОНСКО ДВИЖЕЊЕ ЗА БАЛКАНСКИ ПРОСПЕРИТЕТ

МАКЕДОНСКО ДВИЖЕЊЕ ЗА БАЛКАНСКИ ПРОСПЕРИТЕТ
(1990) – политичка македонска организација во Егејскиот дел на Македонија основана во С’ботско во јануари 1990 г., со цел да дејствува за признавање на малцинските права на Македонците во овој дел на Македонија (статус на национално малцинство за Македонците, признавање на македонскиот јазик и просветата на македонски јазик, употреба на македонскиот јазик во администрацијата).
ЛИТ.: С. Киселиновски, И. Ставови-Кавка, Малцинствата на Балканот (ⅩⅩ век), Скопје, 2004. Ст. Кис.

„Македонско дело“, орган на ВМРО(Об)