МАКЕДОНСКОТО РАКОПИСНО НАСЛЕДСТВО –

МАКЕДОНСКОТО РАКОПИСНО НАСЛЕДСТВО – најстарите ракописни споменици од Мак. зачувани до денес датираат од крајот на Ⅹ и Ⅺ в. Според писмото, тие се делат на глагололички и кирилски. Од глаг. поважни се: Зографското ев. од крајот на Ⅹ в.; Асемановото ев., Синај. псалтир; Мак. глаг. листови – сите од Ⅺ в. и др. Најстари кир. ркп. се: Мак. лист и фрагмент од Посен триод (Ⅺ в.). Од ⅩⅠⅠ в. наваму почнуваат срп., рус. и др. Фрагмент од „Посниот триод“ (Ⅺ в.)редакции. Поважните ракописни споменици од ⅩⅠⅠ и почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. се: Битолски триод, Добромирово ев., Охридски апостол, Слепченски апостол, Струмички октоих, Мак. изборно ев. на поп Јован и др. Во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. во Мак. доаѓа до процвет на книжевноста. Тогаш се диференцираат три правописни школи: охридска, кратовска и мешана. Позначајни ракописи од тој период се: Мак. посен и цветен триод, Добрејшово четвороев., Болоњски псалтир и др. При крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ и во почетокот на ⅩⅣ в. во Мак. се пишуваат ркп. со српска рашка ред. Тоа се должи на навлегувањето на срп. држава во Мак. и преземањето на управата над многу мак. манастири од срп. монаштво и тие стануваат центри на срп. препишувачка книжевна активност. Тој период, иако кратко траел, оставил длабоки траги во мак. ркп. наслед. сè до мак. преродба во ⅩⅠⅩ в. кога доаѓа до израз мак. народен јазик. Позначајни ркп. од мак. ред. од ⅩⅣ в. се: Крат. четвороев., Мак. ев. на Норов, Велешки зборн. и др., а со срп. ред.: Изборно ев. лесновско, Тетраев. Богданово и др. Од ⅩⅤ в. попознати се следните ркп.: Прилепски аскетско-поучителен зборн., Крушев. осмогл., Зборн. на Влад. Граматик. Од ⅩⅤⅠ в. поважни рак. се: Крнински дам., Слепченски пом., Тиквешки зборн., ркп. на поп Јован од Кратово, зборн. на Висарион Дебарски и др. Од ⅩⅤⅠⅠ – ⅩⅤⅠⅠⅠ в. се: Апокриф. зборн. на Аџи Баба, Трескавечкиот кодик, Мак. зборн. и др. Денес само мал дел од околу 460 рак. се чуваат во разни ркп. збирки во Мак.: НУБ „Св. Кл. Охр.“ 256; Арх. на Мак. 47; Филоз. фак. 32; Мак. арх. 22, Нар. муз. во Охрид 17 и во други помали збирки во институции и приватни лица 87. ЛИТ.: В. Мошин, Словенски ракописи во Македонија, кн. 1, Ск., 1971; М. Георгиевски, Македонско книжевно наследство ЏИЏВИИИ век, Ск., 1979; Словенски ракописи во Македонија, кн. 3 и 4, Ск., 1988; кн. 5 и 6, Ск., 1993; кн.7 и 8, Ск., 2000. М. Г.