„МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР“

„МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР“
(Скопје, 1968 –) – списание на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, прва македонска специјализирана научна фолклористичка публикација. Основач, прв и долгогодишен главен уредник бил тогашниот директор на Институтот д-р Блаже Ристовски (1968–1977, И–ⅩⅩ, 1–20). Основано е како полугодишно списание, со задача да ги собере како соработници научните истражувачи – фолклористи од Македонија, од другите републики на Југославија и од странство, коишто се занимаваат со македонскиот, јужнословенскиот и општобалканскиот фо лклор. Подоцна главни и одговорни уредници биле д-р Лазо Каровски (1978–1984, Ⅺ–ⅩⅤⅠⅠ, 21– 34), д-р Танас Вражиновски (1985–1988, ⅩⅤⅠⅠⅠ–ⅩⅩⅠ, 35–42), д-р Васил Тоциновски (1989–1990, ⅩⅩⅡ–ⅩⅩⅢ, 35-46), д-р Благој Стоичовски (1991–1993, ЏЏИВ– ЏЏВИ, 47–52), д-р Блаже Петровски (1994, ЏЏВИИ, 53–54), д-р Ер-мис Лафазановски (2000–2002, ЏЏВИИИ–ЏЏЏ, 55–61) и д-р Лидија Стојановиќ Лафазановска (2004– 2007, бр. 62–64). Во него се објавуваат студии, статии, соопштенија, материјали, критики, прикази, портрети и библиографија (на пет јазика), како и материјалите од традиционалниот Меѓународен симпозиум за балканскиот фолклор во Охрид, во почетокот секоја втора, а потоа секоја трета година. Во јубилејните годишнини се објавени комплетни библиографии на списанието. С. Мл.

Напишете коментар