МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ЕВРОПА

МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ЕВРОПА
(1952– ). Во Полска (во почетокот на 1952) била основана македонска национална политичка организација на Македонците прогонети од Егејскиот дел од МакедонијаИлинден“, под контрола на КПГ. Организации на „Илинден“ биле формирани и во Унгарија, Полска, Чехословачка, Романија и Бугарија (до пред крајот на 1953). Била преземена активност (Ⅱ 1954) за основање организации во СССР (во Ташкент и во Чирчик), но основањето веднаш било забрането. Следувале забрани и во другите социјалистички држа
ви. Била донесена одлука (Ⅵ 1956) за расформирање на Организацијата „Илинден“. Во Полска (ⅩⅠⅠ 1960) била формирана тајна македонска организација „Егејска зора“ за да се бори за националните права на Македонците во Егејскиот дел од Македонија и за афирмирање на македонската национална држава НРМ. Таа била откриена и била растурена (1961).
Во Скандинавија (1962) била осно
вана македонска национална поли

Учесниците во изведбата на „Македонска крвава свадба“ во Торонто
тичка организација, под име: Осло
бодителен комитет на Македонија (со седиште во Данска), за да дејствува за ослободување и за обединување на Македонија во самостојна македонска држава. Организацијата ја проширила дејноста во западноевропските и во прекуокенските земји (до средината на 1971), во Канада и во САД, и печатела свој орган „Македонска нација“. На Конгресот одржан во Копенхаген
(30. В–1. Ⅵ 1971) во новоизбраниот Централен комитет биле претставени организиациите од Данска, шведска, Германија, Белгија, Франција Канада и САД. На Организацијата $ пристапило тајното Движење за самоосознавање и за признавање на македонската нација од Пиринскиот дел на Македонија
„Александар Македонски 1970“ (во почетокот на Ⅹ 1971). Организацијата се декларирала како Движење за ослободување на Македонија (1972 ДОМ, од 1973 ДООМ). Во Австралија била основана организацијата ДОМ (1972) и прераснала во семакедонско движење во странство. ДООМ се трансформирала во единствен фронт за ослободување и за обединување на Македонија (1984) под името Народноослободителен фронт на Македонија.
ЛИТ.: Ристо Кирјазовски, Македонската политичка емиграција од егејскиот дел од Македонија во Источна Европа, Скопје, 1989; Иван Катарџиев, Македонската политичка емиграција по Втората свет
ска војна, Скопје, 1994. М. Мин.

А. Матковски:
„Македонскиот полк во Украина“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *