МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ВЕЗОВИ

МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ВЕЗОВИ
Вез од женска кошула „девет цвета“
(с. Скопска Блатија, ⅩⅩ в.)
Невестински вез „сокај“ за на глава (Охридско Поле, ⅩⅠⅩ в.)
Грабено ракавче, за постара жена (Прилепско Поле, ⅩⅠⅩ в.)
Ракав од невестинска кошула (Костурско, ⅩⅠⅩ в.)
Вез на ракав од женска кошула „со еден
синџир“ (с. Радиовце, Полог, ⅩⅩ в.)

Вез од женска кошула
(Цапарско Поле, ⅩⅩ в.)

Везен ракав од невестинска кошула
со „ѓувезна“ (с. Дуње, Мариовско, ⅩⅠⅩ в.)

Вез од женска крпа за на глава

(с. Бугариево, Солунско, ⅩⅩ в.)
Во симбиоза со старобалканското население на Македонија создале свој препознатлив етнички идентитет во доменот на материјалната, социјалната и духовната култура. Лесно препознатливи вербални и невербални етнички симболи на етничките Македонци до средината на ⅩⅩ в. се дијалектите/говорите на македонскиот јазик, музичкиот фолклор, женските народни носии и посебната структура на организираните заедници на македонските ендогамни етнички групи. Етничкото сплотување на Македонците се градело врз основа на сопствената етничка култура, како и преку здружувањето против заедничкиот непријател (турската, грчката или друга туѓа власт, грчката црква итн.). Тоа се потврдува со иницијативи и масовни учества во ајдутски и востанички акции, сè до Илинденското востание и настаните што следеле потоа, вклучувајќи ги и последните поврзани со партизанското движење во Втората светска војна.
Најкритичен период за етничките Македонци бил ⅩⅠⅩ в., кога на Балканот продреле идеите за создавање држава-нација како сосема различно општество од турскиот „милет систем“ во поглед на односот кон етничката и религиската структура на населението. Од првата фаза – книжевнофолкорната и пропагандната што ја спроведувале Србите, Бугарите и Грците на својата матична територија и на територијата на Македонија, се преминало кон реализација на идејата со воено-политички дејства и со помош од руските и европските ментори, сè до формирањето на првите современи балкански држави – Србија, Грција и Бугарија.
Македонците направиле обид за создавање своја држава со актот на Разловечкото (1876) и Кресненското востание (1878/9), а особено со Илинденското востание (1903). По поразот на Илинденското востание започнале македонските страдања проследени со сурови казни од страна на турската власт. Тешките денови продолжиле во војните на соседните балкански држави – Србија, Грција и Бугарија за „ослободување“, односно за поделба на Македонија (1912–1923). Резултатот од војните соседните земји, со помош на своите странски ментори, го пресметале на тој начин што Македонците биле прогласени за „непостоен народ“. Без своја држава и оставени на „совеста“ на оние што биле заинтересирани единствено за своите интереси, Македонците доживеале, заедно со македонскта територија, да бидат поделени на четири дела: грчки, бугарски, српски и албански. По повлекувањето на новите граници започнале интензивни програми за уништување на македонското чувство и асимилирање на Македонците во културните сфери на соседните народи што претставувало продолжување на започнатата акција во ⅩⅠⅩ в. Во овие процеси најмногу настрадале Македонците од Егејскиот дел на Македонија, како најбројно население на околу 51% од етничката територија на Македонија. Тука прогонот на Македонците од нивните вековни огништа траел околу 38 години (1912–1950) и се реализирал во 6 насоки: Бугарија, Турција, НРМ и ФНРЈ, прекуокеанските земји, Европа и СССР со земјите од Источниот блок. Во согласност со идејата за нацијадржава, државите во кои бил поделен македонскиот народ развиле методологија и практика за грцизирање – бугаризирање – србизирање – албанизирање преку системи на казни и елиминација на „непослушните“ Македонци. Современата држава-нација на Македонците по Втората светска војна (1944) имала статус на република – членка на заедничката држава ДФЈ/ФНРЈ/СФРЈ. Конституирана на територијата на поранешната српска Вардарска Бановина во времето на Кралството Југославија, НРМ/СРМ не уживала полна самостојност во решавањето на сопствените национални прашања. Сите пројави на посилен патриотизам биле прогласувани за штетен национализам, а актерите биле казнувани или маргинализирани. Во настаните поврзани со Информбирото (1948/49) најголема штета претрпела НРМ со оглед на затворањето на границите и промената на односот кон Македонците во соседните земји. Сепак, и во тие услови, во период од околу половина век во НРМ/СРМ настапила силна афирмација на етничките Македонци и македонската култура во земјата и во светот. Тие еднаш веќе стекнати права и придобивки тешко можат да се поништат. Македонскиот етнички идентитет е афирмиран и кај македонската дијаспора, каде што во земјите со развиена демократија слободно се изјаснуваат како етнички Македонци.
Македонскиот јазик го претставуваат: западномакедонското наречје и народните говори во тој дел; југоисточномакедонското наречје и говорите во тој дел и северните македонски говори; врз основа на Мисирковата кодификација (1903) стандардизираниот македонски јазик (1945) е заснован врз централните говори на западномакедонското наречје. Негативни последици за македонскиот јазик предизвикала акцијата на Бугарија за бугарска духовна превласт во Македонија што започнала со стандардизацијата на бугарскиот јазик. Американските протестантски мисионери, кои работеле за бугарските интереси главно на просторот на Источна/Југоисточна Македонија, во 30-тите и 40-тите години на ⅩⅠⅩ в. го создале првото стандардизирано бугарско писмо и притоа за основа на бугарскиот јазик го избрале дијалектот од Источна Македонија и Тракија, а не оној од автентичните северни бугарски територии. Затоа по 1844 г. започнува афирмацијата на денешниот бугарски литературен јазик – врз основа на источнобугарското наречје.
Според религијата, Македонците припаѓаат на источноправославното христијанство со македонската народна религија (синкретички религиски систем со локални македонски варијанти). Во РМ има енклави и на источно католичко христијанство (унијатство –ⅩⅠⅩ/поч. на ⅩⅩ в.), но и поединци од западното католичко христијанство, со мали верски заедници на протестантизмот. Во РМ муслиманите припаѓаат главно на сунитскиот ислам, со дервишки редови (сунитски и шиитско-сунитски ислам).
Македонците не уживаат малцински права и слободи во РБ и во РГ, а минимални права користат само во еден мал регион во РА. Нешто повисоки стандарди на елементарните етнички права обезбедува РС. Во самостојните држави од поранешната СФРЈ, како РСЛ (сега членка на ЕУ), РХ, РЦГ и РБИХ, Македонците ги уживаат елементарните малцински права. Во развиените демократски европски држави и во прекуокеанските земји – САД, Канада и Австралија, Македонците ги уживаат етничките и граѓанските права.
До осамостојувањето на РМ постоел еднопартиски државен систем на ниво на СФРЈ што функционирал во координација со посебните (комунистички) партии на републиките и покраините. По распаѓањето на заедничката држава и осамостојувањето на РМ (1991) е воведен повеќепартискиот парламентарен систем. Поради полувековната рестрикција на националните чувства на народите во СФРЈ, насекаде, па и во РМ,

Драги Стојковски, потпретседател на организацијата „Обединети Македонци“, Торонто
покрај партиите од граѓански политички карактер, се формирале повеќе партии со етнички и национален карактер. Во Македонија постојат повеќе партии од двете категории. Меѓу десетте главни и дванаесетте помали партии, како покарактеристични за етничките Македонци се издвојуваат ВМРОДПМНЕ и СДСМ (од големите) и ЛДП, ДОМ, НСДП, ДС, ЛП и др. (од помалите). Постојат и преку сто здруженија на граѓани.
Етничките Македонци имаат значаен број партии и здруженија во соседните земји и во дијаспората, како, на пр.: Организација на Македонците во Албанија; ОМО-Илинден – политичка партија на Македонците во Бугарија; Виножито – политичка партија на Македонците во Грција; Обединети Македонци – здружение на Македонците во Канада; Светски македонски конгрес; Македонците во Холандија; Мацедониа Цласп оф тхе Њорлд; Светски македонски младински конгрес; Македонците во Чешка; Движење за човечковите права на Македонците во Канада; Македонска патриотска/политичка организација за САД и Канада

Форт Веин, Индијана, САД; Бисер балкански – канадско-македонско движење; Канадско-македонска бизнис мрежа; Македонска културна асоцијација во Онтарио за леринскиот регион; Асоцијација на Македонците во Обединетото Кралство – Лондон; Македонски сојуз во шведска – Гетеборг; Фолклорно македонско друштво „Вардарка“ – Марибор, Словенија; Македонска алијанса


Мелбурн, Австралија; Комитет за македонски човекови права за Мелбурн, Викторија Инк.; Заедница на Македонците во швајцарија; Страница на Македонската заедница во Детроит, САД; Обединета македонска дијаспора и др.

ЛИТ.: Царнеги Репорт оф тхе Интернатионал Цоммиссион то Инљуире инто тхе Цаусес анд Цондуцт оф тхе Балкан Њарс, Њасхингтон, Д.Ц., 1914; Владимир А. Тсанофф, Рапорт анд Леттерс оф Америцан Миссионариес: Реферринг то тхе дистрибутион оф натионалитиес ин тхе формер провинцес оф Еуропеан Туркеѕ 1858-1918, Софиа, 1919; Македонија како природна и економска целина,
ИНИ, Скопје, 1978; Стојан Киселиновски,
Егејскиот дел на Македонија (1913 –

Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров
ду, Полиња жито – ридишта крв, Скопје, 2002; Крсте П. Мисирков, За македонцките работи. Приредил Блаже Ристовски, МАНУ, Скопје, 2003; Марк Мазовер, Балканот, Скопје, 2003; Димитрис Литоксоу,
Грчка антимакедонска борба, 1, Од Илинден до Загоричани 1903–1905, Скопје, 2004; Грегорѕ Михаелидис, Салватион Аброад: Мацедониан Мигратион то Нортх Америца анд тхе Макинг оф Модерн Мацедониа 1870-1970, 2005 (ракопис на одбранета докторска дисертација на Универзитетот во Мериленд – САД), хттпс://друм.умд.еду/дспаце/битстреам/1903/2407/1/уми-умд-2270.пдф. Ан. Св.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *