МАКЕДОНСКИ ЛЕКТОРАТИ

МАКЕДОНСКИ ЛЕКТОРАТИ
– универзитетски студии во странство за македонски јазик, литература и култура. Лекторатите на странските универзитети се основани врз меѓудржавни и меѓууниверзитетски договори и се под грижите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Работат главно во составот на катедри или институти на соодветните факултети при странските универзитети со различен степен на наставата: од главен студиски предмет со диплома по македонски јазик (МГУ „Ломоносов“ во Москва, Универзитетот во Загреб, ИНАЛКО во Париз, Ориенталниот универзитет во Неапол, Универзитетот „Мартин Лутер“ во Хале, СР Германија, Масариковиот универзитет во Брно) до ниво на факултативен предмет. Официјално македонски лектори работат во 11 лекторати (Москва, Париз, Прага, Брно, Краков, Сосновјец, Будимпешта, Неапол, Крајова, Тирана и Истанбул), а вкупно на 30 странски универзитети се изучува македонскиот јазик. М. Кар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *