МАКЕДОНСКИ ЗБОР

„МАКЕДОНСКИ ЗБОР“ (Детроит, САД, 1.Ⅷ 1977 –Ⅸ 1991) – орган на Македонскиот културен центар „Илинден“. Првиот број, објавен на 1. Ⅷ 1977 г., печатен на македонски со латиница, е посветен на 74-годишнината од Илинденското востание и 33-годишнината од конституирањето на македонската држава. Издавани се по десетина броеви годишно. Прво македонско списание на македонски јазик во Северна Америка. Последниот број е отпечатен во септември 1991 г. Сл. Н.-К. Првото лингвистичко периодично издание „Македонски јазик“ (1950)