МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ

МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ
– јавно претпријатие, еден од најстарите стопански субјекти во Македонија. Во 1873 г. е воспоставена првата железничка линија СолунВелес, а неколку месеци подоцна и линијата СолунСкопје. Претпријатието „Македонски државни железници“ е формирано со указ на првиот македонски министер за градежништво и транспорт (1944). Со промените во политичкиот и економскиот систем во рам-ките на СФРЈ, претпријатието е преименувано во „Железничко транспортно претпријатие – Скопје“, а потоа и во „Железничка транспортна организација“ (составена од 20-тина ООЗТ). Денес железницата постои и функционира како ЈП „Македонски железници“. Во периодот 1945–1970, кога патниот сообраќај беше слабо развиен, македонските железници го понесоа најзначајниот товар како на товарниот така и на патничкиот сообраќај и дадоа значаен придонес во вкупниот економски развој на земјата. Иако во периодот по 1965 г., поради малиот обем на инвестициите, капацитетите на железницата стагнираа, па дури и се намалуваа, превозот на стоки со железницата бележеше континуиран раст до 1984 г., кога достигна обем од 9,9 милиони тони, наспроти 4,2 милиони тони во текот на 1965 г. Тенденциите беа обратни кај превозот на патници, кој до крајот на осумдесеттите години се преполови – од 8,4 милиони патници во текот на 1965 на 4,6 милиони во 1989 г.
По осамостојувањето на земјата, високиот пад на бруто домашниот производ во раните транзициони години и кризата на големите претпријатија, што работеа со загуби, доведоа до значајно намалување на обемот на работата на железницата. Во такви услови претпријатието го започна процесот на преструктурирање со издвојување на според-
Петре Наковски:
„Македонски деца во Полска“ Новата железничка станица во Скопје

ните дејности и повеќекратно намалување на бројот на вработените. Во организационата структура на ЈП „Македонски железници“ денес се застапени: сообраќај, влеча, одржување на линиите и на електротехничките постројки, како и на секторите информатика, општествен стандард и нови линии. Идната трансформација на ЈП „Македонски железници“ оди во правец на формирање на ЈП за железничка инфраструктура (поради присуството на елементи на природен монопол останува во државна сопственост) и АД за транспорт со вклучување на приватни оператори.
ИЗВ.: Републички завод за статистика,
Развој на СР Македонија 1945–1984, Скопје, 1986, 84; Н. Узунов, Стопанството на Република Македонија 1945–1990, МАНУ, Скопје, 2001, 319–323. Т. Ф.