МАКЕДОНСКИ ВЕТЕРИНАРЕН ПРЕГЛЕД“ .

„МАКЕДОНСКИ ВЕТЕРИНАРЕН ПРЕГЛЕД“ . („МАЦЕДОНИАН ВЕТЕРИНАРЅ РЕВИЕЊ)“ – списание на Сојузот на ветеринарните лекари на РМ. Првиот број е излезен во 1972 г. Во списанието се објавувани научни и стручни трудови, како и прилози од актуелната проблематика на ветеринарната медицина кај нас и во светот. Автори на трудовите се стручњаци од РМ, од поранешните простори на Југославија, како и од некои странски земји. Списанието во почетокот е издавано на македонски, со кратка содржина на англиски и на руски јазик, а од 1996 г. на македонски и на англиски јазик. М. Д. – Ј. Б.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *