„МАКЕДОНСКИ АРХИВИСТ“

„МАКЕДОНСКИ АРХИВИСТ“
(Скопје, 1972 – 1991) – списание на Сојузот на друштвата на архивските работници и архивите во Македонија. Излегувало повремено и со поголеми паузи. Објавувало прилози од областа на архивистиката, дејноста на ДАРМ и неговите подрачни одделенија, историски извори и сл. Прв главен уредник бил Тодор Талески, а потоа Милош Константинов (од 1982). Објавени се вкупно 19 броја.

Ѓорѓи
Македонски