МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ГРУПА „МАКЕДОНИЈА“

МАКЕДОНСКА СТУДЕНТСКА ГРУПА „МАКЕДОНИЈА“
(Женева, швајцарија, 1919). Се активирала за време на одржувањето на Версајската мировна конференција и барала македонскиот народ слободно да одлучува за судбината на земјата. Групата остро протестирала против санкционирањето на поделбата на Македонија и укажала дека со тоа Мировната конференција презела тешка одговорност за новите конфликти и војни на Балканот. Предупредила дека ќе продолжи борбата за независност на Македонија.
ЛИТ.: „Трибунне де Геневе“; „Л’ Индепенденце Мацедониенне“, Лаусанне, 10 Ⅺ 1919; М. Миноски, Федеративната идеја во македонската политичка мисла, Скопје, 1985. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *