МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА ЗА ЕВРОПА

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА ЗА ЕВРОПА
(1967– ) – епархија на МПЦ. Пр-
Петиција од МПО и Обединетите Македонци до Европската заедница, до ООН и до сите светски лидери за признавање на РМ (1991) Весникот „Македонска правда“ (Софија, 1933-1934)
вите македонски црковни општини во Европа се формираат во 1958 г. во шведска и во Данска, а во 70-тите години во Германија, Белгија, швајцарија, Австрија и Франција; во 90-тите години, по распаѓањето на Југославија, и во Словенија, Хрватска, Црна Гора и Србија. Првите македонски православни црковни општини во Малме и Гетеборг (шведска) и во Копенхаген (Данска) добиле благослов од Синодот на МПЦ во 1973 г. Надлежни митрополити биле: Кирил (1967–1981), Петар (1981–1988) и Стефан (1988–1990), а потоа Синодот (1990–1995). Прв епархиски архијереј на Европската епархија беше митрополитот Горазд (1995–2006). Во 2006 г. администратор е Епископот полјански Пимен, кој на 22 јуни е избран за Митрополит европски. Епархијата е регистрирана во Дортмунд (Германија). Регистрацијата важи за сите земји каде што се регистрирани македонски православни црковни општини (а ги има во речиси сите европски земји).
ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *