МАКЕДОНСКА НАРОДНА ФЕДЕРАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА

МАКЕДОНСКА НАРОДНА ФЕДЕРАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА
(Пиринскиот дел на Македонија, (август 1943 – 1946) – тајна македонска политичка организација, која се вклучила во националноослободителната борба во содејство со организираното партизанско движење предводено од македонските комунисти. По прогласувањето на создавањето на македонската национална држава во Вардарскиот дел од Македонија, Организацијата за цел на дејствувањето го поставила обединувањето на Пиринскиот дел од Македонија со македонската држава. По комунистичкиот државен преврат (9. Ⅸ 1944), Организацијата продолжила да дејствува нелегално (до средината на ⅩⅠⅠ 1945). Тогаш Централниот комитет донел решение за легализирање. Основачкото собрание било одржано во Петрич (8. И 1946); бил усвоен Уставот и биле избрани телата. Барањето за регистрирање како македонска национална партија не било одобрено и натамошната дејност била запрена со репресија од органите на прогонот.
ЛИТ.: Михајло Миноски, Обид за легализирање на тајната Македонска народна федерална организација и нејзино тран
сформирање во македонска национална партија во пиринскиот дел од Македонија, „Прилози“ на МАНУ, 2, 1996. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *