МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
– град во источниот дел на РМ со
5.147 ж. (2002 г.). Се наоѓа од двете страни на Каменичка Река, десна притока на Брегалница, на надморска висина од околу 570 м. Има умерено-континентална клима. Таа е стара населба. Во минатото се спомнува како Камена Река, од која потекнува и првиот познат македонски печатар Јаков, кој во 1566 г. печати свои книги во Венеција. М. К. како град е прогласена во 2004 г. Таа е седиште на општина, која зафаќа површина од 19.037 ха, има 9 населени места со 8.110 ж. Населбата забрзано почнува да се развива од 1966 г., кога е отворен рудникот за олово и цинк, Саса. Населението го сочинуваат Македонци, додека од малцинствата има само малку Срби (20) и Роми (14). Има текстилна фабрика и фабрика за преработка на цинк. Ал. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *