МАКЕДОНСКА ДИНАСТИЈА

МАКЕДОНСКА ДИНАСТИЈА
(867–1056) – царска династија во Византија, основана од Василиј Ⅰ (867–886), роден во темата Македонија. Во времето на нејзиното владеење Византија доживеала подем: зајакнал феудализмот. Владетелите воделе успешни војни против Арабјаните, ја ликвидирале бугарската држава (971), како и Самуиловото Царство (1018). Покрај Василиј Ⅰ, позначајни владетели биле: Лав Ⅵ (886–912), Константин Ⅶ Порфирогенит (913–959), Никифор Ⅱ Фока (963– 969), Јован И Цимиски (969–976), Василиј Ⅱ (976–1025). Последен владетел била царицата Теодора (1055–1059).
ЛИТ.: Г. Острогорски, Историја на Византија, Скопје, 1992. К. Аџ.