МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ АД СКОПЈЕ

МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ АД СКОПЈЕ – прва организирана берза на хартии од вредност во РМ. Македонската берза за хартии од вредност (МБХВ) го организира тргувањето со хартии од вредност во РМ. Таа е основана на 13. Ⅸ 1995 г. од 13 банки, 3 осигурителни друштва и 3 штедилници, како акционерско друштво што работи врз непрофитна основа. Првото тргување на Берзата е организирано на 28. Ⅲ 1996 г. Во текот на првата година од постоењето (1996) е остварен скромен промет од 34,7 милиони денари (околу 670.000 евра). Тргувањето на МБХВ иницијално се одвиваше на „паркет“, но од април 2001 г. ваквиот начин на тргување се заменува со автоматизиран електронски систем на тргување што е наречен БЕСТ. Почнувајќи од 20. Ⅵ 2001 г. работи врз профитна основа. МБХВ претставува јавен, транспарентен и организиран пазар на кој се среќаваат понудата и побарувачката за хартии од вредност и се формираат нивните пазарни цени. Тргувањето на МБХВ се врши според одредени системи и процедури за тргување. Секоја трансакција со хартии од вредност се извршува со посредство на институција-членка на Берзата. Членки на МБХВ се брокерски друштва и банки. На Берзата постојат два главни пазарни сегмента: официјален и неофицијален пазар. Официјалниот пазар ги вклучува хартиите од вредност што се на котација на МБХВ, а тоа се хартии на поголеми компании, со поголема дисперзираност на акциите, и кои имаат значајни обврски да обелоденуваат информации за своето работење. Неофицијалниот пазар ги вклучува главно хартиите на релативно помали компании или компании со помала дисперзираност на акциите, а нивните обрски за обелоденување на информациите се нешто помали. Последните две години класичното берзанско тргување доживеа силен пораст: во те-Разгледување на Предлог-законот за основање на Македонската банка за поддршка на развојот кот на 2005 г. остварениот промет од 116,5 милиони евра претставуваше пораст од 143,5% во однос на 2004 г., додека прометот реализиран низ 2006 г. од 176,9 милиони евра претставуваше зголемување од 61,08% во однос на претходната година. Берзанскиот индекс на МБХВ, наречен МБИ–10 исто така оствари висок пораст: 129% – 2005 г. и 61,5% – 2006 г. Ваквиот висок раст на тргувањето на МБХВ произлезе од зголемената активност на странските инвеститори и од зголемениот интерес на домашните индивидуални инвеститори (т.е. физички лица) за тргување со ХВ. ИЗВ.: Годишен билтен на Македонската берза за хартии од вредност 2006, //њњњ.мсе.орг.мк//; Комисија за хартии од вредност на Република Македонија, (2006), Пазарот на хартии од вредност во Република Македонија: денес и утре //њњњ. мсе.орг.мк//. ЛИТ.: Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје, 10 години Македонска берза, Скопје, 2006; В. Филиповски, Финансискиот сектор и економскиот развој во Република Македонија. Отворени предизвици на Македонската економија, МАНУ, Скопје, 2004, 357&379. В. Ф. МАКЕДОНСКА ДИНАСТИЈА

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *