МАКЕДОНО-ОДРИНСКИ ПРЕГЛЕД

МАКЕДОНО-ОДРИНСКИ ПРЕГЛЕД“ (Софија, 25. Ⅴ 1905 – 24. Ⅶ 1907) – политички журнал, орган на ВМОРО. Првин излегувал на 10 и 25 во месецот, како „петнаесетдневен политички журнал“, а потоа како „седмичен политички журнал“. Уредник бил Никола Наумов, а бил печатен во софиската печатница „Дневник“. Првин имал наслов „Македонски преглед“, а потоа „Македоно-одрински преглед“ (од бр. 13). Објавени се вкупно 69 броја. Содржи поголем број осврти за настаните од Илинденското востание. Во првата година содржел и илустриран литературен прилог (бр. 1-16) во редакција на Андреј Протич. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 204–206; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 76.С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *