МАКЕДОНКА“

МАКЕДОНКА“ – орган на АФЖ на Македонија, прво македонско списание за жени. Првиот број излегол во ноември 1944 г., печатењето почнало во с. Г. Врановци, продолжило во Прилеп и завршило во „Македонка“, орган на Битола. Прва АФЖ на Македонија (1944) уредничка Веселинка Малинска, наредните два броја ги подготвиле Славко Јаневски и Василие Поповиќ-Цицо. За 62 години, списанието за жената сменило уште три имиња – „Просветена жена“, „Жена“ и „Жена нова“ а директорки и главни уреднички биле и Вера Ковач, Ружа Бак, Ксенија Гавриш, Мирјана Чепинчиќ, Татјана Копачева и Лилјана Дирјан. Останувајќи без спонзори и каква било поддршка, нашето најстаро списание за жени згаснало во јануари 2006 г. со последниот број 668. Б. П. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *