МАКЕДОНИŒ МАЦЕДОНИА

МАКЕДОНИŒ МАЦЕДОНИА (Гранит Сити, Илиноис, САД, 7. ⅩⅠⅠ 1907 – август 1910) – неделен весник, орган на македонската емиграција во Илиноис, САД. Го издавало тамошното Друштво Весникот „Македонија“ (Гранит Сити, Илиноис, САД, 1907-1910) „Македонија“ со финансиска помош на американската фирма Ницк Алабацх. Излегувал секоја сабота. Го уредувал д-р С. И. шумков, а бил печатен во неговата истоимена печатница „Македонија“. Објавени се вкупно 39 броја. Политички ги поддржувал приврзаниците на Борис Сарафов и се застапувал против санданистите (приврзаниците на Јане Сандански). ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 129-130; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 67. С. Мл. Весникот „Македонија“ (Русе и Софија, 1888-1893) „МАКЕДОНИŒ ”(Русе и Софија, 21. Ⅹ 1888 – 1. Ⅹ 1893) – најзначајниот македонски неделен весник во ⅩⅠⅩ в. Излегувал секоја среда. Одговорен уредник бил Коста шахов, а бил печатен во печатницата на Ст. Ив. Роглев во Русе и во софиските печатници „Либерален клуб“, печатницата на Х. Стоенчо Тачев и „Македонија“. Објавени се вкупно 122 броја. Првин излегувал во Русе, а потоа во Софија (од г. И, бр. 26). Изразувал став дека Македонија може да се ослободи со свои сили, но и не без помошта на Русија. Поради ставовите против бугарските власти, уредникот бил прогонуван, а весникот забрануван. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 67-70; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 66. С. Мл. Весникот „Македонија“ (Софија, 1927-1934)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *