МАКЕДОНИЈА

„МАКЕДОНИЈА“ (Лозана, швајцарија, 1916–1919) – друштво за одбрана на правата на Македонците. Било формирано од Македонците во Лозана, повеќето студенти, во времето на Првата светска војна, со цел да дејствува за одбрана на правата на Македонците. Друштвото и другите македонски друштва во швајцарија се обединиле во Сојуз со Генерален совет (15. ⅩⅠⅠ 1918). ЛИТ.: Љубен Лапе, Активноста на Главниот одбор на македонските друштва во швајцарија, „Гласник“ на ИНИ, 1, 1965; Михајло Миноски, Федеративната идеја во македонската политичка мисла, Скопје, 1985. М. Мин.

Напишете коментар