МАЗИНГ, Леонхард Готхилф

МАЗИНГ, Леонхард Готхилф (1845–1936) – проф. на унив. во П. Мазев: „Двајца“ (1990) Првата одбранета докторска дисертација за македонските дијалекти од Л. Мазинг (1890) Тарту, Естонија; теолог, славист, индоевропеист, дијалектолог, акцентолог, автор на трудови од областа на макед. ј.: за рефлексот на *тј и *дј (Зур Спрацхлицхен Беуртеилунг дер Мацедонисцхен Славен, Вертретунг вон *тј унд *дј, Ст.-Петерсбург, 1890) и за макед. акцент (Зур Лаут-унд Акзентлехре дер Мацедослависцхен Диалекте, Ст.-Петерсбург, 1891). Како славист со феноменален слух и знаење на над 50 јазици, тој во говорот на Македонците што ги сретнал во Германија препознал карактеристики на оформен јазик, различен од другите словенски јазици. Дал поттик за натамошни македонистички истражувања. ЛИТ.: Р. В. Булатова, ПервìŸ исследователÝ язìка македонских славян Л. Г. Мазинг (1845–1936), М. ј. 32–33, 1982; К. Илиевска, Значаен јубилеј за македонистиката, „Современост“, 1–4, 1992. Кр. Ил. Антони Мазневски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *