МАГИСТРАЛНИ ПАТИШТА –

МАГИСТРАЛНИ ПАТИШТА –јавни патишта што ги поврзуваат стопанските подрачја на два или повеќе региони во земјата или се од посебно значење за државата. Во нивен состав се и автопатите. Магистралните патишта (освен Магистралниот пат Скопје&Белград автопатите) се изградени со две сообраќајни ленти на еден коловоз за двонасочен сообраќај. По нив се одвива само моторниот сообраќај. Вкрстувањето на патните правци е решено во целост вон ниво, делумно во и вон ниво и наполно во едно ниво. Како магистрални патни правци во патната мрежа се сметаат: М–1 (граница со РС–Табановце–Куманово–Миладиновци–ПетровецВелесНеготиноДемир КапијаГевгелијаБогородица–граница со РГ); М–2 (граница со РБ–Деве Баир–Крива ПаланкаКуманово); М–3 (граница со РС–Блаце–Скопје кај Мо-мин Поток–Петровец); М–4 (Миладиновци–Скопје кај Хиподром– ТетовоГостиварКичево–Подмолје–Струга–ќафасан–граница со Р Албанија); М–5 (граница со РБ–ДелчевоКочаниШтипВелесИзворПрилеп–Тополча-ни–БитолаРесен–Косел–Охрид–Подмолје, со крак Битола– Меџитлија–граница со РГ) и М-6 (ШтипРадовишСтрумицаНово Село–граница со РБ) (в. патна мрежа). ИЗВ.: Материјали од документацијата на Фондот за магистрални и регионални патишта, Скопје; Транспорт и други комуникации, Државен завод за статистика, 2004 г. Р. Д. Живко Крстов Мадевски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *