МАГА“ –

„МАГА“ – Здружение на геотермичарите на Македонија. Непрофитабилно професионално здружение на поединци и институции во областа на геотермалната енергија, претседател проф. К. Поповски. Седиштето на здружението е во Скопје. МАГА е основана во 1995, а регистрирана е како НВО во 2002 г. Редовни активности: организација на национална и меѓународна работилница, издавање на билтен, учество на национални и меѓународни конференции. Учествувала на повеќе национални и меѓународни научни проекти од геотермалната енергија, или обновливите видови на енергија, финансирани од МОН на РМ, ЕУ, САД, ИГА, Светската банка и др. Издала повеќе зборници и изработила студии за геотермалниот ресурс во Македонија. Сл. А.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *