МАВРОВСКО ЕЗЕРО

МАВРОВСКО ЕЗЕРО – спаѓа меѓу трите најголеми вештачки езера во РМ. Изградено е на Мавровска Река во Мавровската Котлина во 1957 г. Браната е земјенонасипна со глинено јадро. Височината на браната изнесува 61,9 м, должината на круната на браната изнесува 210 м, а широчината на круната е 6 м. Тоа има правец на протегање североисток-југозапад и во тој правец неговата должина изнесува 9,07 км. Најголемата широчина на езерото изнесува 2,5 км, а средната широчина 1,46 км. Вкупната должина на бреговата линија изнесува 24,7 км, а повр2 шината 13,2 км . Најголемата длабочина на езерото се наоѓа веднаш зад браната и таа при максимално ниво изнесува 51 м. При максимално ниво во езерото се 3 акумулираат 375.000.000 м вода. Акумулираната вода главно се користи за производство на електрична енергија, потоа за туризам и рекреација, за риболов и за одгледување риби и др. Хидроцентралите Вруток и Равен се со инсталирана моќ од 169,2 МЊ. ЛИТ.: Драган Василевски, Радика, „Напредок“, Тетово, 1997. Др. В.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *