ЛУКА

ЛУКА (Антиохија, втора половина на Ⅰ в. пр.н.е. – ок. 70 г.) – еден од четворицата евангелисти, придружник на светиот апостол Павле, еден од првите проповедници на христијанството во Македонија. Како близок соработник во мисијата во Филипи, по неговото заминување за Солун, тој останал како раководител на првата црковна општина во Европа во Филипи. Библиски ги запишал случувањата во црквите низ Македонија. Автор е на Третото евангелие од Светото писмо (Филипи, кон 63 г.) и Делата на апостолите (ок. 64 г.). Подоц-Евангелистот Лука, икона од црквата „Св. Петка“, Маловишта (1828) на телото му било пренесено во Цариград и положено во базиликата „Дванаесетте апостоли” (375). Во западноевропските држави тој се чествува како патрон на сликарите и на лекарите. МПЦ го одбележува сеќавањето на него на 18/31 октомври. ИЗВ.: Свето писмо на Стариот и на Новиот завет, второ издание, Скопје, 1991.ЛИТ.: Ѓ. Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и за Македонците, Скопје, 1995. К. М.-Р. Ѓокица Лукаревски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *