ЖИВОЈНО БИТОЛА

ЖИВОЈНО – БИТОЛА –. рудник на јаглен, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Пелагонискиот басен, на север е ограничен со Црна Река, а на југ со македонскогрчката граница. Во базалната формација на наоѓалиштето се развиени две јагленосни формации: подинска јагленосна формација и продуктивна јагленосна формација. Посебен интерес за експлоатација има продуктивната јагленосна формација, која е развиена на простор од 30 км², а детално е истражена во наоѓалиштето Живојно. Главниот јагленов слој има моќност од 4 до 8 м. Се појавуваат и повеќе подински слоеви кои немаат континуитет на поголем простор. Јагленот е од типот на меки кафеави јаглени – лигнит. Вкупните геолошки ре-но најчесто користени се: реалниот доход пер цапита, мерилата за доходовната (монетарна) сиромаштија и мерилата за доходовната нееднаквост. Мерилата од типот: достигнато образование (стапка на писменост на возрасните, бруто-стапка на упис на сите три степени на образование); очекувано траење на животот и достапност на определени добра и услуги (број на персонални компјутери на 1.000 жители, број на корисници на интернет услуги на 1.000 жители, и сл.) исто така се користат при мерењето на животниот стандард на населението. ЛИТ.: Хуман Девелопмент Репорт (2006). Беѕонд Сцарцитѕ: Поњер, Повертѕ анд Тхе Глобал Њатер Црисис, УНДП. Хуман Девелопмент Репортс (1990-2005), УНДП; Д-р Ристо Христов, Политика на социјалниот развој, Економски факултет, Скопје, 2004; Државен завод за статистика, Статистички годишници на Република Македонија, 1995-2006. Д. Е. – Р. Х.

Напишете коментар