ДРАМА

ДРАМА – град во егејскиот дел на Македонија, Грција: 41.600 ж. (2002 г.). Се наоѓа во плодната Драмска Котлина од двете страни на р. Св. Варварица, на надморска висина од околу 90 м. Низ градот поминува современа сообраќајница која на запад го поврзува со Серез, а на југ со Кавала. На 25 км од Драма е древниот македонски град Филипи кој го изградил македонскиот крал Филип Ⅱ во 358 г. пр.н.е., со многу археолошки знаменитости, како античкиот театар, агората, акрополот и др. До 1923 г. Драма била населена со Македонци. Потоа тие биле протерани во Бугарија, а на нивно место биле населени Грци од Турција и од Кавказ. Градот, особено брзо, се развива во втората половина на минатиот век. Во 1971 г. во Д. живееле 29.700 ж., во 1981 г. тој број се наголемува на 36.100 ж., за во 2002 г. да достигне бројка од 41.600 ж. Денес Драмската Котлина е позната по производството на квалитетен тутун, па во Д. има фабрика за преработка на тутун. ЛИТ.: Тодор Симовски, Населени места во Егејска Македонија, кн. И, Скопје, 1978. Ал. Ст.

This post is also available in: mkмакедонски enEnglish frFrançais deDeutsch ruРусский

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.