ДОРОТЕЈ охридски архиепископ

ДОРОТЕЈ – охридски архиепископ (‡ октомври 1466) од словенско потекло, кој во архиепископската канцеларија го користел црковнословенскиот јазик. При неговиот престој во Кратово, за потребите на Охридската соборна црква, нарачал, Димитар Кратовски да изврши препис на словенскиот Номоканон (1466). Во него се наоѓаат и преписи од две негови разменети писма со влашкиот кнез Јоан Стефан (1456) и молдавскиот војвода Стефан Велики. Под политичко сомнение, по наредба на султаниот Мехмед Ⅱ Фатах, со повеќе народни првенци и клерици бил одведен во Цариград (октомври 1466), каде што му се губи трагата. ЛИТ.: А. Е. Викторов, Описание рукописей В. И. Григоровича, Москва, 1879, 20–21; Ив. Снегаров, Към въпроса за зависимостта на Молдавската църква от Охридската през ⅩⅤ в., „Македонски преглед”, В, 3, Софи®, 1929, 45–62; Маја Јакимовска–Тошиќ, Димитар Кратовски, Творци на македонската литература (IX–ⅩⅤⅠⅠⅠ век), Скопје, 2004, 241–246. С. Мл. Архиепископ Доситеј

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *