ДАБНИЦА

ДАБНИЦА – село во Прилепско, во југозападното подножје на Бабуна, северно од Прилеп, на 605 м н. в. Во месноста Гарван бил формиран НОПО „Димитар Влахов“ (16. Ⅴ 1942). За соработката и вклученоста во Народноослободителното движење, бугарските окупаторски сили извршиле масовен терор и масакар во селото. Биле уапсени 62 селани (на возраст од 16–60 години) и заедно со 8 други затвореници од Прилеп биле одведени во месноста Дабнички Завој и 11 од нив биле стрелани (19. IX 1942), меѓу кои и адвокатот Рампо Левката. При стрелањето две лица успеале да се спасат. ЛИТ.: Владо Малески-Тале, Дабница обвинува, Четириесет години 1941–1945, кн. 7, Скопје, 1963, 563-567; Благоја Талески, Откривање на новиот споменик на Дабничкиот Завој, 29. XI 1977 година, „Современост“, ЏЏВИИИ, 1–2, Скопје, 1977, 3–9; Димитар Димески, Дабничкиот масакр во 1942 година, Прилеп и Прилепско во НОВ 1942 година, кн. втора, Скопје, 1978, 279–303; Тачко Локвенец, Дабница, Скопје, 1986; Атанас Тасевски, Масакрот во Дабница. Монструозен злостор на бугарските фашистички завојувачи, „Вечер“, ЏЏВ, 7513–7517, Скопје, 21–25. IX 1987, 23; Горица Дамеска, Сакаа да ја збришат Дабница. Непознати вистини за масакрот кај Дабница, „Вечер“, ЏЏВ, 7521, Скопје, 30. IX 1987, 23; Стојна Златеска-Бешироска, Дваесет дена спиевме стоејќи, на истото место 23; К(оста) Поповски, Второто умирање на жртвите. Колежот кај Дабница и насилната смрт на народниот херој Рампо Левков-Левката. „Македонски иселенички алманах ’89“, Скопје, 1988, 146–147. С. Мл.