ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО ВОЈНАТА ВО РМ 2001

ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО ВОЈНАТА ВО РМ. ВО 2001 г. – повреди на законите и обичаите на војувањето што опфаќаат, но не се ограничуваат на убиства, малтертирања, носења на принудна работа или за каква било друга потреба цивилно население, убивања или малтертирања воени заробеници, убивања заложници, пљачкосувања јавен или приватен имот, намерни рушења градови или села, пустошења неоправдани со воена потреба, извршени во текот на војната од 2001 г. Според Статутот на Хашкиот трибунал воените злосторства од масовен карактер извршени на територијата на поранешна Југославија, од почетокот на 1991 г. се во негова надлежност. На 15. Ⅴ 2005 г. Хашкото обвинителство покренува обвинителен акт за повреда на законите и обичаите на војувањето во с. Љуботен (12. Ⅷ 2001) против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски. ИЗВ.: Обвинителен акт на Хашкото обвинителство против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, 15. Ⅴ 2005, со измени и дополнувања од 2. XI 2005, хттп://ун.орг.ицтѕ. Т. Петр.

Напишете коментар