ВЕЛИЧКОВСКИ, Владимир

(Скопје, 7. Ⅴ 1949) – историчар на уметноста, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, значаен во 80-те години за проблематизирањето на новите појави во македонската ликовна уметност. Дипломирал (1974) и докторирал на Филозофскиот факултет (1997) во Скопје, а магистрирал на Филозофскиот факултет во Белград (1985). Објавил повеќе книги (Ликовен меѓупростор, 1986; Современа македонска скулптура, 1997). Пишува дневна критика со аналитички и компаративен пристап. М. Б.-П.