БЛАГОВЕШТЕНИЕ

„БЛАГОВЕШТЕНИЕ” – најстарата општинска болница во Битола и во Македонија, која постоела од втората половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ век. Припаѓала на патријаршиската општина во градот, која и финансиски ја издржувала. Лекувањето било бесплатно за приврзаниците на Патријаршијата. Во 1901 г. била предадена во употреба новата модерна болница, изградена на истиот плац, која располагала со 100 болнички кревети и со современа операциона сала. До нејзиното бомбардирање (1917) вршела здравствена, социјална, воспитна, пропагандна и политичка дејност. ЛИТ.: Велимир Т. Арсиќ, Црква св. великомученика Димитрија у Битољу, 1930, 46; Петар Бојаџиевски, Здравството во Битола низ вековите, Битола, 1992, 217.
П. Б.