БЕЛИСТОЈАНОСКИ, Петар

(Прилеп, 11. Ⅹ 1973) – професор по физичка култура, каратист. Дипломирал на Факултетот за физичка култура во Скопје (2003). Бил член на Карате клубот „Водно” во Скопје и кадетски и јуниорски репрезентативец на Југославија. На Балканските првенства освоил златен, сребрен и 3 бронзени медали, а на Европското јуниорско првенство во Мадрид (1994) бронзен медал. Тој е сениорски првак на Македонија (1993– 2001 и 2004). Настапил четири пати на светски првенства. Избран е за најдобар спортист на Македонија (1994). Д. С.