БЕЗ’РБЕТНИЦИ

БЕЗ’РБЕТНИЦИ (Инвертебрата) – група организми од животинското царство што немаат ’рбет. Не претставуваат таксономска категорија, бидејќи нивното обединување не е природно групирање, иако конвенционално, тоа име с” уште е задржано во употреба. Според богатството на видовите, разновидноста на формите и одликите на животниот циклус без’рбетниците се доминантна група на планетата Земја. Досега во светот се регистрирани вкупно  1.300.000 видови животни, од кои на без’рбетниците отпаѓаат 1.262.000. Доколку се исклучат инсектите, околу една половина од сите други без’рбетни организми се жители на морињата, средина во која се зачнал животот. Во Македонија се присутни 11 типови без’рбетни организми, со вкупно 9.339 видови, од кои 579 се македонски ендемити: тип протозои или праживотни (Протозоа), застапен со 113 видови (32 ендемити); тип сунѓери (Порифера), со девет видови (пет ендемити); тип сплескани црви (Платхелминтхес), со 85 вида (35 ендемити); тип коприварки (Цнидариа) со два вида – тип врвчари (Немертеа), со еден вид – тип ротатории (Ротифера), со 60 видови; тип нематоди (Нематода), со 553 видови (три ендемити); тип мекотели (Моллусца), со 276 видови (95 ендемити); тип прстенести црви (Аннелида), со 160 видови (42 ендемити) и тип членконоги (Артхропода) со 7.574 видови (367 ендемити). Без’рбетната фауна кај нас с” уште не е доволно проучена, па оттаму се очекува дефинитивниот број на видовите да биде далеку поголем. ЛИТ.: С. Петковски, Фаунал диверситѕ, во: Цоунтрѕ Студѕ фор Биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (Фирст Натионал Репорт). Министрѕ оф Енвиронмент анд Пхисицал Планнинг, Скопје, 2003, 217; П. А. Меглитсцх, Инвертебрате Зоологѕ, Оџфорд, 1972; Ј. Иллиес, Лимнофауна Еуропаеа. А Цхеклист оф тхе Анималс Инхабитинг Еуропеан Инланд Њатерс, њитх Аццоунтс оф тхеир Дистрибутион анд Ецологѕ (еџцепт Протозоа), Стутгарт–Нењ Ѕорк–Амстердам, 1978. Св. П. – В. Сид.