БАЛКАНСКА ФЕДЕРАЦИЈА

„БАЛКАНСКА ФЕДЕРАЦИЈА – . Ла Федератион Балканиљуе“ (Виена, 15. Ⅶ 1924 – 1930) –

„Балканска Федерација”, орган на националните малцинства и на народите на Балканот

весник, орган на комунистичките партии од балканските земји (Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Србија и Хрватска). Излегувал двапати месечно. Го редактирале Димитар Влахов, Георги Димитров, Никола Харлаков и други емигранти-комунисти од балканските земји. Според уводникот во првиот број, имал задача „да пропагира ослободување и самоопределување на балканските народи и нивно федерализирање“. Покрај уредниците, автори на текстовите се и д-р Филип Атанасов, Петар Чаулев, Павел шатев и др. Авторите се застапувале главно за балканска федерација. Имал особено значење за осознавањето на македонската вистина во светот. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 360-362; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 33. С. Мл.

Напишете коментар