БАЛКАНОСЛАВИКА

„БАЛКАНОСЛАВИКА”/„БАЛЦАНОСЛАВИЦА” – орган на Институтот за старословенска култура, Прилеп (до бр. 11–12, 1984– 1985 год. – Институт за истражување на стсл. култура). Се печати од 1972 година. Согласно со интердисциплинарниот карактер на дејноста на Институтот, во „Балцанославица” се печатат научни и стручни прилози за македонскиот народ и за развојот на неговата култура – археологијата, историјата на уметноста, историјата, антропологијата, лингвистиката, археографијата, етнологијата и фолклорот. В. Д.