БАКХОС, Бахус, Дионис

Сатири и Бакхос во игра

БАКХОС Бахус, Дионис . – божество што е поврзано со култот за Теракота: Сатири и Бакхос во игра бесмртноста на душата и реинкарнацијата; кај античките Македонци ова божество на вегетацијата се нарекува: Бакхос, Сабос, Сабазиос, Савадиос (придружниците на Дионис се Силени, во Македонија наречени Сабои); ова божество е наречено и Бассареус, што би значело „облечен во крзно од лисица”. Култот на Бакхос има ритуален карактер (агриос, ерѕкриптос). Во Македонија култот и ритуалите имаат оргијастички карактер: манични танци на следбеничките на Бакхос – бакхидите и мајнадите (родоначелник на бакхидите е Аитхиа, Аитхриа, адраиа – македонска глоса, се поврзува со Тија, која со Ѕевс го има синот Македон). Според Плутарх, бакхидите во Македонија од најстари времиња се нарекуваат клодонки и мималонки; во нивните свечености учествува и мајката на Александар Македонски, Олимпијада. Драмата Баккхаи, која Еврипид ја пишува на дворот на македонскиот крал Архелај И, е посветена на ваквиот македонски култ. Во Александрија Птолемај Филаделф организира свети поворки во кои се движат мималонки вооружени со меч (македонска традиција, која постои уште од Ⅶ в. од ст.е.). На една вотивна плочка од Стоби е претставен богот Дѕалис / Дионѕсос со тирс во десната и со грозд во левата рака, во придружба на полубожества – даемонес и на едно женско божество; на вотивната стела од 215 г. во Мелник Дионис со автохтониот теоним Асдоулес е прикажан со винова лоза, како јава на коњ во придружба на Пан и на Силен, кои ги следи пантер. ЛИТ.: Плутарцх, Алеџандер, Харвард Университѕ Пресс, 1959; Д. Срејовић, А. Цермановић, Речник грчке и римске митологије, Београд, 1979; Р. Барт, Кнјижевност, митологија, семиологија, Београд, 1979; А. Фол, Дионис, Софи®. А. шук.

Напишете коментар