А, а

А, а – првата буква во азбуката, со бројна вредност еден. Во кирилицата од грч. алфа < вертикално свртен алеп од фенич. азбука со значење „биковска глава“, симбол на егип. бог Апис, персонифициран во св. Бик од Мемфис. Во глаголицата има форма на крст, со кој започнува секоја работа на христијанинот (в. глаголица, пис-мо). П. Хр. Ил.