АЦЕВ (ШУМАНОВ), Димитар

АЦЕВ (ШУМАНОВ), Димитар (Берово, 15. Ⅹ 1894 – Горна Џумаја, 9. Ⅹ 1923) – комунистички деец. Бил член на БРСДП(т.с.) (од 1912). Го завршил Скопското средно педагошко училиште, а потоа бил учител во с. Босилово, Струмичко (1913-1914) и во Петричко. Во Првата светска војна агитирал против милитаризацијата. Учествувал во Војничкото востание (1918). Потоа станал учител во Крупник, Горноџумајско (ден. Благоевградско) (1920-1921), каде што основал група на БКП и бил секретар на Градскиот комитет (од април 1921), а подоцна и на Окружниот комитет на БКП во Горна Џумаја, поради што бил уапсен (1921). Во месното читалиште основал аматерски театар, оркестар со кој диригирал, а бил основоположник и на фудбалската игра во градот. Бил соработник на „Работнически вестник”. Во Септемвриското востание (1923) бил командир на чета во Горноџумајскиот востанички одред „Христо Ботев”. По поразот бил уапсен, злоставуван и обесен во центарот на Горна Џумаја. ЛИТ.: Септемвријското антифашистковљстание 1923. Документи и материали, т. 1, Софиџ, 1973; Димитљр Косев,Септемвријското вљстание 1923, 2. изд., Софиџ, 1973; Историџ на Благоевградската окръжна организациџ на БКП, Софиџ, 1981. С. Мл.