АРХЕОЛОШКО-ИСТОРИСКА ЗБИРКА РЕСЕН

АРХЕОЛОШКО-ИСТОРИСКА ЗБИРКА – РЕСЕН (Ресен, 1968) – локален археолошко-историски музеј. Основач било Собранието на Ресен, а како почетен изложбен материјал послужиле локалните наоди од околината на градот. Во натамошното постоење збирката се пополнувала со предмети од систематските археолошки истражувања во Преспа, особено на островот Голем Град, разни новоприсобрани историски и етнолошки предмети, како и нумизматички примероци. Музејот е сместен во зградата на некогашниот Сарај на површина од над 250 м 2. Во неговиот состав се наоѓаат Спомен галеријата на уметнички дела на Кераца Висулчева, Спомен-куќата на народниот херој Мите Богоески во с. Болно и Спомен-куќата на револуционерот Наум Веслијоски-Овчарот во с. Златари. Сега е под стручната надлежност на Музејот на Македонија. К. Бог. АРХИВ НА МАКЕДОНИЈА

Напишете коментар